Instagram

Често Поставувани Прашања

Што е Инвитопија?

Инвитопија нуди услуги за креирање на впечатливи и модерни покани за настани и други поврзани услуги.

Како да направам нарачка?

За да направите нарачка, ве молиме контактирајте не преку е-пошта или испратете директна порака на Инстаграм, наведувајќи го кодот на поканата. Потоа ќе ве прашаме за сите дополнителни детали кои можеби ќе ни требаат за да ја изработиме вашата нарачка.

Како да платам за моите покани?

Нудиме повеќе начини на плаќање. Изберете го вашиот префериран метод, и ние ќе ве упатиме во процесот.

Кои начини на плаќање нудите?

Моментално нудиме плаќање при достава, плаќњање на сметка, и плаќање со криптовалута. Наскоро, ќе додадеме и опција за плаќање директно со вашата картичка.

Каков е временскиот рок за испорака на моите покани?

Откако ќе се договориме за деталите, повеќето покани ќе бидат готови во рок од 3-6 дена.

Дали нудите примероци пред да направам целосна нарачка?

Да, можеме да ви обезбедиме примероци од дизајнот на вашата покана пред да направите целосна нарачка. Ве молиме контактирајте не за повеќе детали за тоа како да добиете примерок.

Што ако треба да направам промени на мојата покана откако веќе е нарачана?

Ако треба да направите промени на вашата нарачка, ве молиме контактирајте не што е можно побрзо. Ние ќе направиме сè што е можно да ги задоволиме вашите барања. Можно е промените да не се возможни ако процесот на производство веќе започнал.

Кои материјали ги користите за вашите покани?

Користиме висококвалитетни материјали, вклучувајќи дебела хартија, танка паус хартија, различни декорации како ленти и машни. На секоја страница со продукт ќе најдете детални информации за материјалите користени за тој специфичен дизајн.

Дали испраќате надвор од земјата?

Да, нудиме меѓународна испорака. Трошоците и времето за испорака ќе варираат во зависност од вашата локација. Ве молиме контактирајте не за повеќе детали.

Дали можам да нарачам други материјали за настани, како "thank you" картички и слично?

Да, нудиме и други материјали за настани, вклучувајќи "thank you" картички. Ве молиме контактирајте не за повеќе информации.